Стартува полагањето матура во августовскиот рок

 

Матурантите денеска ќе го полагаат првиот екстерен предмет од августовскиот испитен рок за државна матура - мајчин јазик (македонски, албански јазик или турски) и литература.

Во августовскиот испитен рок ќе полагаат 3.647 ученици од завршните години од средните училишта кои од оправдани причини не полагале државна матура во јунскиот испитен рок и ученици кои не успеале да положат некој предмет во јуни.

Во августовскиот испитен рок, учениците од завршните години кои избрале странски јазик ќе полагаат на 13 август, на 14-ти се полага математика (основно и напредно ниво), естетика и филозофија и на 16 август - хемија, физика, биологија, историја и бизнис.

Интерните предмети матурантите ќе ги полагаат од 19-ти до 23 август, додека презентацијата и одбраната на проектната задача ќе се спроведе од 19-ти до 22 август.

Прелиминарните резултати од државната матура ќе бидат достапни најдоцна 30 дена од полагањето на последниот екстерен испит. Учениците кои нема да бидат задоволни од добиената оценка по некој предмет имаат право на приговор, кој треба да се достави до училиштето. По завршување на процесот на приговори ќе бидат објавени конечните резултати од државната матура од августовскиот испитен рок.

11.08.2014 - 09:05
Фото: 
фактор.мк
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега