Вкупно 29.000 пацинети не се појавиле кога имале закажано за „Мој термин“

Вкупно 29.000 пацинети кои имале закажано  „Мој термин“ не се појавиле во закажаното време, во текот на месец јули годинава.

Проект-менаџер на Националниот систем за закажување прегледи „Мој термин“ Милан Аризанкоски, апелираше граѓаните кои неможат да се појават во  закажаниот термин истиот да го откажат преку бесплатниот телефонски број, по СМС или преку нивните матични лекари.

- На овој начин се наштетува на концептот на функционирање на националниот систем за електронски евиденциии и непотребно се креира нереална листа на чекање, затоа суштински е важно да се почитува времето на другиот, односно пациентот да го почитува времето на докторот и на другите пациенти, но и докторите да го почитуваат времето на пациентите. Доколку не сте во можност да присуствувате на прегледот, Ве замолувам истиот да го откажете.  Уште еднаш потсетуваме дека термините може да ги откажете на телефонскиот број 15 444 или со праќање на порака кон 144 194 со содржина број на упат, потенцираше Аризаноски.

На пример. 74 годишна жена од Струмица дури 27 пати не дошла на закажаните термини, додаде тој.

Во сите здравствени установи низ државата пацинетите преку „Мој термин“ биле примени 15 минути порано или со просечно закаснување од 10 мин после закажаниот термин.

Најголем број на прегледани пациенти во текот на месец јули има во Клиничкиот центар во Битола-вкупно 19.820 пациенти, по него следува Клиничкиот цнетр во Тетово со 16.930 прегледани пацинети, па болницата во Прилеп со 13.600 примени пацинети со „Мој термин“.

Од скопските здравствени установи најмногу пацинети биле прегледани во ГОБ „8 Септември“ – 13.130.

Во истите овие болници, нагласи,  најголема е и бројката на пациенти кои не дошле на закажаниот термин, просекот на пациенти кои не дошле на преглед во овие установи изнесува 23% или вкупно 7,770 пациенти за месец јули.

- Просечниот број на дневно креирани термини за преглед по интерна медицина во месец септември изнесува 15,5 пациенти по ден во здравствените домови, а 18 пациенти во Општите болници, додека просечниот број на вкупно дефинирани термини по доктор на интерна медицина во септември изнесува 300 термини по доктор во Здравствените домови , додека во општите болници е 120 термини по доктор. Помалата бројка се должи на тоа дека специјалистите во општите болници извршуваат и други дополнителни здравствени услуги и тоа дека имаат и болнички пациенти, рече Аризанов.

Тој доаде дека во Здравствените домови од вкупно 69 доктори интернисти само 23, односно 33% го надминуваат просекот на дневно дефинирани термини и тоа се лекари од здравствените домови во Скопје, односно од Поликлиниките „Букурешт“, „Јане Санданки“, „Драчево“ и „Ѓорче Петров“.

10.08.2014 - 13:05
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега