Над пет илјади Турчинки нема да гласаат поради опасност за нивната безбедност

 

Повеќе од пет илјади Турчинки кои се жртви на домашна насилство, денеска неможат да го остварат своето право на глас на претседателските избори поради опасност за нивната безбедност, јавија турски медиуми.

Околу 2.500 жени се во специјални објекти за жртви на домашно насилство, и уште 2983 Турчинки се под полициска заштита поради директна опасност за нивниот живот.

Невладини организации се обратија до турските власти со барање тие жени да биде овозможено да гласаат без да биде откриен идентитетот. По консултации со полицијата, Министерството за семејство и социјална политика не дозволи гласање за нив.

Само во првите шест месеци од 2014 година во Турција биле убиени 129 жени.

10.08.2014 - 12:22
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега