СДСМ бара излез од ќорсокак, сака преговори за враќање во Собрание?

Партиски извори на Сител информираат дека на Бихаќка се размислува за преговарање со владејачката партија.

СДСМ бара излез од ќорсокакот и партијата е спремна да прегиовара за враќање во Собранието.

-Подготвени се за преговори за враќање во Собранието, но не откриваат колку се разликуваат од ставовите. Меѓународниот фактор велат дека треба да се вклучи во втора фаза за да го гарантира она што ќе го добијат двете партии.
Високи партиски структури велат дека СДСМ се подготвени на отстапки за да се вратат пратениците во Собрание, објави Сител.

Дипломатски извори велат дека десетина се цврсто на ставот за бојкот, а најмалку 10 ќе се решат да седнат во фотелја.
Од ВМРО-ДПМНЕ не сакаат да коментираа и ставот е дека опозицијата треба да се врати во собранието, подготвени се да подадат рака.

Премиерот Никола Груевски неколкупати досега ја повика опозицијата да се врати во Законодавниот дом. Јасно им предочи дека со нивната одлука и штетат на државата.

-Со излегување од Парламентот за причини кои се измислени од нив, СДСМ прави штета на државата и тоа е тоа што можеме да кажеме дека има отсуство на државност. Заради некои лични цели, заради некои приватни цели - да остане на оваа или на онаа функција, заради внатрешни препукувања и кој е потврд - едната или другата струја. Од дрвото не ја гледаат шумата. Прават штета на целата држава, рече неодамна Груевски.

09.08.2014 - 16:46
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега