Како ќе заработите многу пари- совет од еден милијардер

 

Своето богатство го стекнал како еден од основачите на компанијата која се занимава со производство на препарати за коса, но на 16 години работел ситни работи како на пример во една фабрика за хемиско чистење...

 

"Големата разлика помеѓу успешните и неуспешните луѓе е во тоа што успешните го работат тоа што неуспешните не го сакаат", објаснува милијардерот и претприемач Џон Пол Деџориј.

Своето богатство го стекнал како еден од основачите на компанијата која се занимава со производство на препарати за коса, но на 16 години работел ситни работи како на пример во една фабрика за хемиско чистење...

Работел во месара, миел подови и тоа за 1,25 долари на час. 

"Еден ден се појави шефот, инаку многу строг и ми кажа дека сака да поразговара со мене. Од прво тоа не ми звучеше добро. Ми раскажа дека претходниот ден работел до касно и дека во еден момент забележал дека нема прашина под тепихот како ни позади мебелот", објаснува Џон. 

"Не ни замислував дека некој може да си ја врши толку добро својата работа кога никој не го гледа - ми кажа шефот. Ќе добиеш покачување од 25 центи!", се присетува милијардерот.

Според тоа што го научил како 16-годишно момче, Џон вели дека успехот не е во тоа колку пари имате и на која позиција сте... "Успехот е колку добро си ја вршите работата кога никој не ве гледа", додава тој. 

Извор: Точка

09.08.2014 - 15:54
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега