Според сладоледот откријте какви сте во сексот
Ванила, чоколада или јагода? Сладоледот кој ви е омилен, открива повеќе за вашите сексуални навики отколку што мислевте, пишуваат медиумите врз основа на истражувањето кои го спроведоа германските произведувачи на околу 1.200 учесници.
Дали сте знаеле дека љубителите на страчатела секогаш се расположени за новитети и промени, а интезивен и долг сексуален однос преферираат обожавателите на сладолед од јагода.
Ванила
Љубителите на класичниот ванила вкус се личности кои цврсто стојат на земја и не се склони кон експериментирање. Многу се нежни и постојано трагаат за голема љубов. Бегаат од сексуалните авантури.
Чоколада
Секс без голема порција на страсти за љубителите на чоколадото е незамисливо. Обожаваат див секс, омилени се во друштво и се големи шармери.
Орев/Лешник
Лицата кои го преферираат овој вкус на сладолед, се оние на кои семејството им е на прво место. Чувствителни се и не се склони за авантури за една ноќ.
Страчатела
Љубителите на страчатела сакаат постојани промени и не сакаат да се врзат за еден партнер. Можат да бидат верни и одговорни, но само ако им се остави доволно слобода и ако со партнерот можат да ги проживеат сите сексуални фантазии.
Кaфе/капучино
Љубителите на кафе се полни со идеи и планови, т.е. се многу уверливи, па лесно можат да го наговорат партнерот на разни експерименти во кревет.
Лимон
Личностите кои најмногу сакаат сладолед од лимон тежнеат кон егзотичности. Тешко се одлучуваат на долга врска. Сакаат еротика и огнени партнери.
Јагода
Интензивен и долг сексуален однос преферираат обожавателите на сладоледот од јагода. Наместо диви авантури, врмето радо би го поминале со партнерот кој го сакаат, а по самиот чин важно им е мазењето.
Банана
За сладолед од банана лудуваат весели и нежни луѓе кои во љубовта се многу неодлучни, така што не можат веднаш да му се препуштат на новиот партнер.
Ф'стак
Се работи за многу шармантни луѓе кои се склони кон непромислени одлуки, а во кревет најважно им е сопственото задоволство.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа