Нигерија прогласи вонредна состојба поради еболата

 

Нигерискиот претседател Гудлак Џонатан денеска прогласи вонредна состојба поради епидемијата на ебола во афричката земја со најмногу жители. Тој истовремено одобри вонредни средства од 11,7 милиони долари за сузбивање на епидемијата, јави Ројтерс.

Нигерија потврди седум случаи на ебола во Лагос, од кои двајца луѓе починале. Избивањето на епидемијата во Лагос, град со 21 милион жители, предизвика страв кај населението па претседателот Џонатан предупреди "да не се шират лажни информации за еболата што би можеле да доведат до масовна хистерија и паника".

Бројот на жртвите од ебола во Западна Африка достигна 961, заклучно со 6. август, соопшти денеска СЗО. Во соопштението се наведува дека само на 5. и 6. август регистрирани 29 смртни случаи.

 

09.08.2014 - 12:35
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега