69 години од американскиот нуклеарен напад врз Нагасаки

 

Денеска во Нагасаки ќе се одбележат 69 години од американскиот нуклеарен напад врз тој јапонски град, три дена по првиот таков напад во историјата на човештвото – врз Хирошима.

Повеќе од 70.000 луѓе загинаа од атомската бомба која САД на 9 август 1945 година ја фрлија врз Нагасаки.

По атомскиот напад Јапонија капитулираше на 15 август 1945 година што овозможи Втората светска војна официјално да заврши две недели подоцна – на 2 септември 1945 година.

Ниту еден американски претседател никогаш не ја посетил Хирошима ниту Нагасаки, а САД никогаш не се извинија за нападите.

09.08.2014 - 10:49
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега