Пентагон потврди: Америка изведе воздушни напади во северен Ирак

 

Соединетите Американски Држави започнаа воздушни напади против силите на Исламската држава во Ирак, соопшти денеска Пентагон. Два американски авиона ги нападнаа артилериските сили што се користени против курдските борци кои го бранат градот Ербил, пренесува БиБиСи.

Претседателот на САД, Барак Обама, утрово дозволи воздушни напади во северен Ирак, предупредувајќи дека бомбардирањата ќе почнат ако треба да се заштитат американците од исламските екстремисти и да се заштитат цивилите кои се под опсада.

Белата куќа доцна синоќа соопшти дека американските авиони веќе испорачале хуманитарна помош за десетина илјади луѓе припадници на ирачките верски малцинства кои се опколени од екстремистите.

08.08.2014 - 16:49
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега