Туристичките работници во Струга очекуваат повеќе туристи

 

 

Струшките туристички работници очекуваат зголемување на бројот на туристите во текот на август.

Елизабета Марковска од одделот за продажба и маркетинг во хотел „Дрим“ потенцира дека ќе имаат уште една успешна сезона. Во првата половина од јули, нагласи дека поради временските услови посетеноста била послаба.

- Оваа туристичката сезона може да кажеме дека е доста успешна во споредба со минатата година. Глобално во однос на временските услови во јули посетеноста на туристите беше малку послаба, меѓутоа во втората половина од месецот имаше целосна исполнетост на капацитетот на хотелот. На еднакво ниво сме со лани, но како што се движи сезоната во одредени ситуации сме и подобри од минатата година, изјави Марковска.

На струшката ривиера и годинава најприсутни се холандските гости, како и гостите од Турција и Албанија.

- Сакаме да стандардизираме и да ги регистрираме сите што даваат услуги за спиење. Имаме планирано и неколку културни манифестации бидејќи туризам без култура не може да има, оценува Села. 

08.08.2014 - 14:44
Фото: 
новамакедонија
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега