"Подобро јас да умрев отколку тоа дете" - мајката на убиецот скршена од болка
Макивија Џуриќ, 55-годишната мајка на убиецот на Тијана кој ја зави Србија во црно, скршена од тага и болка вели дека подобро ќе било таа да умрела наместо детето.
Српскиот Ало пренесува дека мајката на убиецот вели дека нејзиниот син во последно време бил молчелив и повлечен во себе, но ништо не навестувало дека ќе изврши грозоморно убиство. Таа неговата состојба ја препишувала на проблемите кои ги имале бидејќи неговиот дедо сакал да земе земја која му припаѓала на неговиот татко.
- Изгледа ова го планирал, но мора да имал помош. Тој не може ова сам да го направил, ели мајката.
Макивија вели дека да знаела шт ќе се случи веднаш ќе го однесела синот на лекар. Скршена од болка вели дека подобро ќе било таа да умрела отколку невиното дете.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа