ФОТО: Украл пита бурек и пирошки - скопјанец го направи најчудното разбојништво

Во текот на вчерашниот ден околу 15 часот непознат сторител извршил три кривични  дела “разбојништво”  од кои две во колонијални продавници и едно во прoдавница за бели пецива.

Според податоците од полицијата, на уицата “Миле Поп Јорданов” со закана од вработената го одзел дневниот промет од касата со што се стекнал со противправна имотна корист од околу 4.100 денари. Потоа на улицата “Козле” во продавница исто така од вработената одзел околу 6.800 денари пари од дневниот промет, а додека пак од продавница за бели пецива лоцирана на истата улица направил нарачка од 31 пирошка, пита бурек и пет штрудли и откако вработената му ја дала нарачката и се заканил и го напуштил местото на настанот.

По преземените мерки приведен е 43-годишниот С.В. поради сомнение дека е сторител на кривичните дела.

08.08.2014 - 13:05
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа