Вчера почна „Струмица опен фест 2014“
Поворка од деца - мажоретки и членови на оркестарот од Музичкото училиште „Боро Џони“, синоќа на плоштадот „Гоце Делчев“ со песни и игри го отвори третиот „Струмица опен фест 2014“.
Фестивалот ќе трае 11 дена на десет отворени сцени со 28 културно-забавни настани. Организатор е здружението „Културен забавен живот“ со финансиска подршка на општина Струмица.
Градоначалникот на Струмица Зоран Заев на отворањето истакна дека позитивната реакција на граѓаните на општината и на големиот број гости од целата земја се потврда дека „Струмица опен фест 2014“ е вистински културно-забавен избор за летото.
- Горди сме што и оваа лето по третпат се реализира една многу убава и значајна културно-забавна манифестација, која станува препознатлив белег и ја зацврстува позицијата на Струмица како културен центар во источна Македонија, рече Заев.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа