Полициска акција во Струга

Две странски државјанки се затекнати со непријавен престој во струшкото село Велешта при голема акција на полицијата.

Б.Х.(28) и М.С.(21) од Република Албанија се затекнати во ресторантот „Багдад“ во Велешта по што, согласно законот за странци им е поднесена прекршочна пријава. Нив им е изречена парична казна од 250 евра и забрана за влез во Република Македонија во времетраење од една година, соопштуваат од СВР Охрид.

Двете албански државјанки во угостителски објект „Багдад“  извесно време работеле како пејачки и имале нелегален престој.

08.08.2014 - 10:14
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега