Ѓоковиќ загуби од Цонга на Мастерс турнирот во Торонто
Светскиот рекет број еден Новак Ѓоковиќ синоќа претрпе неочекуван пораз од Французинот Жо – Вилфред Цонга во мечот од 3.коло на Мастерс турнирот 1000 во Торонто.
Цонга ги доби двата сета со 6:2 во гемови и ова за него беше само шеста победа против Ѓоковиќ, а има вкупно 18 порази во меѓусебните дуели. По освојувањето на Вимблдон за Ѓоковиќ ова беше прв настап на турнир и во победата во претходно коло над Гаел Монфис покажа дека неговата форма не е на потребното ниво.
Турнирот заврши и за четвртиот светски рекет Стан Вавринка, кој загуби од Кевин Андерсон со 2:0 во сетови. Третото коло беше последно и за Томаш Бердих, кој загуби од Фелицијано Лопез со 2:1.
Пласман во четвртфиналето избори Енди Мареј без борба, додека Григор Димитров го победи Томи Робредо, а Давид Ферер го совлада Иван Додиќ. Во следната рунда последен се пласира Рожер Федерер со триумфот над Марин Чилиќ со 2:1 во сетови.
На женскиот турнир што се игра во Монтреал заврши настапот за Марија Шарапова која загуби од Суарез Наваро со 2:1, а со истиот резултат Јелена Јанковиќ беше поразена од Коко Вандервеге. Другите фаворитки изборија пласман во следната рунда (четвртфинале).
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа