Зошто техничката влада во Бугарија не може да ги легитимира барањата на СДСМ?

Опозициските медиуми со формирањето на техничка Влада во соседна Бугарија се обидуваат да го легитимираат барањето на социјалдемократите, без избори да се инсталираат на Илинденска.

 

Аргументите се дека и во Бугарија и во Македонија има политичка криза и дека тоа е единствено решение за таа да се надмине.

Сепак, истите аналитичари воопшто не пишуваат за политичкиот амбинет во Бугарија, особено по полседните избори, каде партијата која победи на избри не успеа да формира Влада, по што Пламен Орешарски формираше малцинска Влада, кој воопшто и немаше мнозинство во бугарското Собрание со 240 столчиња.
Оние кои ја следат регионалната политика знаат дека прашање на време беше кога ќе падне така формираната Влада која едвај обезбеди кворум во Собранието, благодарение на АТАКА, која не гласаше за нејзината доверба но дојде на седницата.
На последните избори во Бугарија, одржани на 12 мај минатата година партијаа ГЕРБ на поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов освои 97 столчиња и победи на изборите. Втора беше Коалицијата за Бугарија предводена од Сергеј Станишев која освои 84 пратеички места и заедно со Движењето за права и слободи на Љутви Местан направи коалиција која повторно го немаше мнозинството во парламентот бидејќи партијата на турското малцинство освои 36 пратеници, па заедно со Станишев контролираа само 120 пратенички места, што не беше доволно да се стигне до бројката од 121 глас, кој е гаранција за мнозинство во бугарското Собрание.  Сепак и во таква ситуација тие направија Влада, која во голем дел зависеше о расположението на партијата АТАКА на Волен Сидеров, која освои 23 пратенички места но не сакаше официјално да влезе вовладината коалција и негласаше за доверба на кабинетот на Орешарски.
Во таква ситуација и по распадот на владејчката коалиција, ниту една партија во Собранието не можеше да обезбеди мнозинство за Влада по што не остануваше простор за друг излез од кризата, освен формирање на експертска (техничка) влада која би ги спровела наредните избори кои се закажани за оваа есен.
За разлика од Бугарија, во Македонија ситуацијата е дијаметрално спротивна. Владата предводена од Никола Груевски ужива огромно мнозинство во Собранието. Само коалицијата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ГРОМ ги има потребните 62 пратеници, а заедно со 19те пратеници на ДУИ, актуелната Влада има и двотретинско мнозинство во Собранието. 

Распоред на силите во последното бугарско Собрание

07.08.2014 - 21:29
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа