Пристигна во Европа: Свештеник заболен од ебола префрлен во Шпанија
75 - годишниот шпански свештеник Мигел Пахарес, кој се зарази со ебола во Либерија, денеска е префрлен во Шпанија. Тој е првата личност заразена со оваа болест што е префрлена на лечење во Европа. Допатува со воен авион и со силни мерки на заштита е префрлен во болница во Мадрид, каде се наоѓа во карантин. Свештеникот се заразил во болница додека ги лецел заболените. Со него во Шпанија пристигна и една калуѓерка. Иако таа не е заразена, сепак е ставена во карантин. Управникот на болницата тврди дека свештеникот е во стабилна состојба и не крвари што е знак на напреден степен на болеста. Братот на Мигел изјави за медиумите дека е загрижен, но е среќен што неговиот брат се вратил во Шпанија, пишува Дејли Меил.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа