Либерија прогласи вонредна состојба поради епидемијата на ебола
Претседателката на Либерија, Елен Џонсон Серлиф, прогласи вонредна состојба во државата поради епидемијата на ебола. Таа предупреди дека за опстанокот на самата држава ќе бидат потребни вонредни мерки.
Либерискиот парламент во текот на денот ќе ја ратификува одлуката, а се очекува истата одлука да ја ратификува и парламентот на Сиера Леоне каде вонредна состојба е прогласена минатата недела.
Серлиф најави дека вонредната состојба во Либерија ќе трае најмалку 90 дена.
– Размерите на епидемијата, заразноста и стапката на смртност од тој вирус надминуваат капацитети на која било владина агенција или министерство, изјави таа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа