Протести во Турција - приведени се 180 лица

 

Во повеќе градови во Турција во текот на ноќта и раните утрински часови приведени се околу 180 луѓе заради насилствата за време на протестите за реконструкциски зафати во паркот Гези сместен на истанбулскиот плоштад Таксим, јави Анадолија.

Во Истанбул се приведени 69 луѓе, во Измир 90, Испарта 16 и Кајзери девет луѓе, потврдија официјални лица.

 

Полицијата затвори дел од приодите кон Таксим, а демонстрантите сега се во улици близу Таксим.

 

Демонстрантите денеска со часови фрлаа со камења кон полицијата. Голем дел од продавниците на Таксим се затворени, а голем број се оштетени во немирите.

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган изјави денеска дека ќе продолжат плановите за преуредување на истанбулскиот плоштад и покрај протестите во кој има голем број повредени. Тој најави дека полицијата ќе остане на Таксим за да се грижи за зачувување на редот.

најчитано сега