Запознајте ја Софија Мос - 5 годишно девојче кое прочитало 875 книги за една година
Верувале или не, Софија Мос од Луизијана, САД, за една година има прочитано 875 книги иако има само 5 години.
Таткото на малата Софија, Карл вели дека се започнало поради ликот од популарната детска емисија „Улицата Сезам“, Елмо, благодарејќи на кој девојчето научило да чита кога имало три и пол години.
Софија вели дека е најсреќна кога чита.