Починатите од ебола ќе бидат кремирани

 

Либериската Влада денеска нареди телата на лицата починати од ебола да бидат кремирани, бидеќи постои голема опасност смртоносната болест да се прошири доколку телата бидат погребани во населените области.

Министерот за информирање на Либерија, Луис Браун преку државното радио денеска соопшти дека властите ќе ги кремираат посмртните останки на луѓето кои починале од смртоносниот вирус.

Владата донесе ваква одлука откако изминатиот викенд дојде до протести кога здравствени работници се обиделе да погребаат повеќе од 20 жртви на еболата на гробиштата во главниот град Монровија. За воспоставување ред и за да може да се извршат погребите, била ангажирана и полицијата.

Западна Африка минува низ најголемата епидемија на ебола досега, со најмалку 729 починати лица.

04.08.2014 - 15:53
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега