Одбележани 100 години од почетокот на Првата светска војна
Европските политички лидери и монарси се собрани денеска на пригодни комеморации во Глазгов и во Лиеж,во Белгија,за да се одбележи стогодишнината од почнувањето на Првата светска војна.
На одбележувањето на влегувањето на Велика Брианија во војната,присуствуваа британскиот престолонаследник,принцот Чарлс,премиерот Дејвид Камерон,првиот министер на Шкотска,Алекс Салмонд,како и дел од свечените гости кои синоќа учествуваа во свеченото затворање на спортските игри на земјите членки на Комонвелтот,што се одржуваа во Глазгов.
На комеморацијата, со специјална црковна миса во глазговската катедрала, имаше 1400 гости. Денешниот ден ќе заврши со црковно бдеење во лондонската Вестминстерска Опатија и со кусо изгаснувања на светлата ширум Велика Британија,во спомен на жртвите од „Големата војна“ како Британците ја нарекуваат Првата светска војна.
Гасењето на светлата ќе се случи вечерва во 23 часот по британско време,во истото време кога на 4 август 1914 година, британската влада и објави војна на Германија. Ваквото решение е донесено во знак на спомен за изјавата на тогашниот британски министер за надворешни работи Едвард Греј кој влегувањето на Велика Британија во војната го проследил со зборовите дека од тој момент „светлата во цела Европа ќе се изгаснат и тие нема да се запалат во годните што следуваат“.
Во четиригодишните војувања на фронтовите и по рововите низ Европа,во перидот меѓу август 1914 и ноември 1918 година,загинаа 17 милиони војници и цивили. Одбележувањето на почетокот од оваа војна во Европа,почна утринава во белгискиот град Лиеж,во знак на сеќавање на почетокот на германската инвазија врз оваа земја.
Педесетина европски лидери се собраа на пригодната комеморација во чест на жртвите од војната. Од британска страна на комеморацијата присуствуваше војводата од Кембриџ,принцот Вилијам,заедно со неговата сопруга.Зборувајќи на комеморацијата,принцот Вилијам рече дека „повеќе од еднаш во изминатиот век,ние бевме непријатели,но сега сме пријатели и сојузници“
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа