Сител, Канал 5, Телма, Алсат и Алфа ги нема повеќе на „БУМ“ ТВ
Oд синоќа, на „БУМ“ ТВ не се емитуваат националните телевизии Сител, Канал 5, Телма и Алсат и локалната Алфа.
Овие пет телевизии објавија дека се здружија против, како што велат, превисоката сума за дигитализација која ја бара словенечки „ОНЕ“, кој има обврска да ја спроведе до 1 јуни.
Сумата за дигитализација која ја бара "ОНЕ" е близу 150.000 евра годишно по медиум. Според телевизиите, оваа сума е висока, економски неоправдана, неприфатлива и без гаранции за квалитет.
Телевизиите најавуваат дека ќе го радикализираат отпорот.
ФОТО: Журнал