Таткото стои на мост додека не го најдат убиецот на неговиот син

Бојан Јовановиќ, таткото на Лука Јовановиќ кој пред девет дена беше тешко повреден на Бранковиот мост во Белград кога на него, додека пробувал да го поправи автомобилот, налетал здивен возач, а кратко потоа и починал,  вчера стоеше на местото на несреќата четириесет минути држејќи слика од настраданиот син.

Тој е очаен што полицијата сеуште не го пронашла виновникот. Точно во 17 часот се прекрсти и полека тргна кон Стариот град.

- Мојата намера е секој ден од 16:20 до 17 часот да бидам овде со тивок протест додека не се пронајде виновникот за несреќата и убиецот на мојот син. Сигурен сум дека постојат луѓе кои искрено работат да го пронајдат виновникот, но после десет дена ми се јавува сомнеж. Се надевам дека совеста ќе проработи кај сите, па и кај личноста што го сторила ова. Сакам душата на мојот син да отиде спокојно, рече Јовановиќ.

 

 

04.08.2014 - 10:22
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега