Удар на гром ја онеспособи жичницата на Водно

 

Силно невреме проследено со дожд, грмотевици и ветер вечерва го погоди Скопје.

Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека целата скопска котлина вечерва беше зафатена со нестабилна воздушна маса од северозапад која предизвика пороен дожд, грмежи и повремено засилен ветер.   

Повеќе граѓани кои биле на Водно вечерва биле заробени во Жицницата откако снемало струја најверојатно поради удар на гром. Од Јавното сообраќајно претпријатие соопштуваат дека граѓаните се безбедни бидејќи веднаш се вклучил погонскиот мотор на Жичницата со што таа полека почнала да работи и грашаните се симнати од Водно. 

- Речиси сите граѓани се веќе спуштени на Средно Водно. ЈСП обезбеди автобуси за оние граѓани кои отишле на Водно без своите автомобили за да ги пренесе до градот, изјави за МИА портпарлот на ЈСП Билјана Јанкуловска Митова

03.08.2014 - 20:52
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа