Голема грешка - не му дале фискална на премиерот!

Персоналот на еден познат белградски рибен ресторан направил огромна грешка кога на премиерот Александар Вучиќ за послужената вечера наместо фискална сметка му донеле „предсметка.

 - По завршениот оброк, премиерот ја побарал сметката, а персоналот наместо фискална сметка му издал обична пресметка. Двете сметки слично изгледаат, само што на едната пишува предсметка, а разликата е голема. Со обичните пресметки рестораните и останатите деловни објекти го избегнуваат плаќањето на данокот. Кога тоа го видел, премиерот бурно реагирал и предупредил дека за вакви пропусти следува затворање на ресторанот,  рекол извор за српскиот „Курир“.

 
Вработените во ресторанот се обиделе да ја „оштетат“ државната каса и да затајат данок пред самиот претседател на Владата.

- Нашиот најголем проблем. Јас не можам никому, па ниту на членовите на сопственото семејство да им објаснам дека треба да бараат фискална сметка. И дека кога некој не ви ја издава, тоа значи дека краде од вас, од вашите училишта, од вашето дете - рекол Вучиќ.

 

03.08.2014 - 14:30
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега