Сообраќајот на мостот „Тодор Александров“ се одвива по една коловозна лента

 

Денеска едната коловозна лента на мостот „Тодор Александров“  или поранешниот мост „Близнак“ ќе биде затворена за сообраќај.

Сообраќајот ќе се одвива по една коловозна лента поради изведување градежни работи за санација на дел од дилатациската фуга на мостот.

Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да се придржуваат на поставените сообраќајни знаци и да ја приспособат брзината на движење на условите на патот.

ФОТО: Плусинфо

најчитано сега