Торнадо ја погоди Оклахома - загинаа мајка и бебенце

 

Низа торнада вчера го погодија Оклахома Сити, во кој загинаа пет луѓе додека голем број возачи на камиони се „заробени“ на автопатишта.

- Меѓу загинатите се мајка и дете кои настрадале откако на автопат, западно од Оклахома Сити нивниот автомобил бил уништен од бурата, изјави портпаролка на полицијата од тој град.

 

 Во болница се примени околу 50 луѓе со повреди од налетот на невремето, од кои петмина се во критична состојба.

 

Аеродромот во Оклахома Сити е затворен и 1.200 луѓе кои биле во него се префрлени во засолништа. Околу 70 илјади луѓе се без струја во и околу градот.

најчитано сега