„Прв до врв“ - започнува манифестацијата на Водно

 

Со манифестацијата „Прв до врв“ денеска Скопјани ќе го одбележат вториот роденден на Жичницата на Водно.

Граѓаните ќе започнат да се искачуваат во 9 часот од кај ОУ „Кочо Рацин“  а велосипедската трка на „Солидарност “ во чест на 50 години од скопскиот земјотрес ќе стартува во 10 часот. Вечерта од 22 часот ќе се одржи голема ноќна забава со диџеи од македонската сцена.

 

Натпреварувачите ќе добијат сертификат за учество, а најдобрите ќе бидат наградени со пехари и парични награди. Имињата на најбрзите учесници во трките ќе бидат испишани на трајна табла која ќе биде поставена на врвот на Водно.

Дел од манифестацијата ќе биде и таткото на град СКопје, Коце Трајановски.

 

 

најчитано сега