Секоја чест: Кире Лазаров ја доби наградата „Trofeo Powerade“

Најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров по втор пат во кариерата ја добива наградата „Trofeo Powerade„ заради континуитетот во дресот на Барселона минатата сезона.

Лазаров во дресот на Барселона одигра 38 натпревари и постигна 176 гола во сите конкуренции под АSOBAL, во сезоната 2013/14.

Според статистиката, Лазаров беше стрелец на 131 голови во АSOBAL лигата, со што се најде на 13 место на најдобрите стрелци, постигна 30 гола во Купот на шпанскиот Крал, запиша осум погодоци во Купот на АSOBAL и седум погодоци во Суперкупот на АSOBAL.

01.08.2014 - 15:21
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега