ЕК бара компании за обнова нa 10 железнички станици во Македонија

Европската комисија денеска на својата интернет страница  објави оглас со кој  бара компании за  рехабилитација,  надградба и реконструкција на 10 железничките станици во Македонија долж пан-европскиот коридор 10, вклучувајќи го и кракот 10-д, согласно најдобрите практити во Европската Унија.

Со проектот за рехабилитација, надградба и реконструкција ќе бидат опфатени железничките станици во Велес, Прилеп, Битола, Гевгелија, Богомила, Чашка, Табановце, Демир Капија, Градско и Неготино – Вардар. Краен рок за поднесување на понудите на заинтересираните компании е до 30-ти следниот месец  до 12 часот.

- Предвидено е реновирање и надоградба на сите главни елементи на железничките станици, како што се водоводната и електричната инсталација – вклучувајќи ги и внатрешното и надворешното осветлување, санитариите, инсталација на системи за греење и ладење, системи за противпожарна заштита, патнички информативен систем, како и подобрување на пристапноста за товарен транспорт и достапност и поврзување со патниот транспорт (јавен и индивидуален).  Посебно внимание при реализирањето на овој проект ќе се обрати на подобрувањето на пристапноста за лицата со намалена подвижност, соопшти Министерството за транспорт и врски. 

 

01.08.2014 - 12:37
Фото: 
a1.on
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега