Проблеми во РК Металург - не се знае кој ќе остане а кој ќе си оди

Лино Червар изјави за медиумите во Хрватска дека е изненаден од интересот на Србија да биде нивни селектор, но во моментов има други планови и амбиции.

Тој вели дека е посветен на тренерската позиција во Металург, тим во кој направи голема работа во изминатите неколку години.

Сепак, додава дека не знае како Металург ќе изгледа следната сезона бидејќи финансиите се проблем и не се знае кој ќе замине, а кој ќе остане.

-Во Металург направив голема работа во текот на овие години, но прашање е како ќе изгледа тимот во новата сезона, кој ќе замине...Финансиите се голем проблем, кој знае како се ќе се заврши. Мораме да бидеме подготвени на се, вели Червар за хрватските медиуми.

01.08.2014 - 12:30
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега