Машки леш пронајден во Џип - нови детали за грабежот на златара во Дебар

Едно возило-џип марка „Range Rover“ со англиски национални ознаки и безживотно машко тело на задното седиште, синоќа пронајдоа полициските службеници работејќи на реализација на казненото дело „Разбојништво“ извршено на 29-ти минатиот месец во две златари во Дебар.

Како што соопштуваат од СВР Охрид, возило е пронајдено во 19 часот и 45 минути на местото „Мирешки ливади“ во близина на државната граница со Република Албанија. Двете задни врати од џипот биле отворени, задното ветробранско стакло било скршено, а на задното седиште во лежечка положба е забележан машкиот леш.

Увидот е во тек.

01.08.2014 - 10:55
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега