ВИДЕО: Објавена снимка како Македонецот ја вознемирува фоката

Македонскиот државјанин што ја удираше средоземната фока на плажата во Пула стана вистинска атракција во хрвтаските медиуми, но во негативен контекст.

На снимката се гледа како и се доближува на средоземната фока која лежи на песокот и ја допира иако неколкумина го предупредуваат да не ја допира и да ја остави. Очигледно македонскиот државјанин не го прочитал предупредувањето кое стои на сите плажи-да не се вознемируваат фоките на никаков начин.

Од непозната причина Македонецот, средоземната фока јаудри неколкупати со раката по грбот, кажаа очевидците и полицијата. Полицијата излезе на терен и утврди дека мажот незаконски престојува во Хрватска., пренесуваат хрвтаските медиуми.

Македонскиотдржавјанин поради овој гест плати 1500 куни, и беше протеран од Храватска со забрана за влез од 5 години.

Средоземната фока е заштитен вид и на плаѓите има предупредувања дека никој не смее да и се доближува, да не ја допира и да фрла со камења кон неа.

 

ВИДЕОТО можете да го погледнете ТУКА

31.07.2014 - 21:52
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега