Министер остана без дозвола поради брзо возење

Министерот за транспорт на Романија Јоан Рус остана без возачка дозвола, откако беше фатен од полицијата дека вози со преголема брзина по обиколница во округот Клуж.

Рус добил писмо од полицијата, откако органите на редот преку запис од видео камера утврдиле дека неговиот автомобил се движел со поголема брзина од пропишаната.

Поради тоа возачката дозвола му била одземена на 30 дена.

31.07.2014 - 15:41
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа