Барселона ќе ја напушти Примера доколку Каталонија се отцепи од Шпанија

Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Шпанија Хавиер Тебас, денеска за тамошните медиуми изјави дека Барселона нема да може да се натпреварува во Примера Дивизија во случај Каталонија да добие независност.

- Верувам дека Каталонија засекогаш ќе биде шпанска, но доколку се случи нешто непредвидливо клубовите од овој регион нема да можат да играат во нашите лиги. Тоа важи и за Барселона. За да смеат да учествуваат каталонските тимови во шпанските лиги при евентуално отцепување на Каталонија, ќе мора да се менува правилникот и Законот за спорт и да се постигне меѓународен договор, изјави првиот човек на шпанскиот фудбал.

Голем дел од жителите на Каталонија водат кампања за отцепување од Шпанија и добивање своја независност. Во нивната кампања често пати видно место заземаат клубовите од спортското семејство Барселона. 

31.07.2014 - 15:28
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа