По Хрватска невремето се пресели во Србија - ќе дојде ли и во Македонија?

Силното невреме кое денеска попладне ја зафати Хрватска, вечерва ја мина границата и се пресели во Србија. Под силни врнежи на дожд и град се речи си сите српски градови. Најсилен дожд има во Нови Сад но и во регионот околку Белград. Во Обреновац, градот кој беше зафатен од катастрофалните поплави врне силен дожд и град. Во некои делови на Србија поради силниот ветер искинати се електричните кабли па нема струја.
Сепак метеоролозите не очекуваат нестабилната маса да се префрли и во Македонија.
Според нив, уре претпладне ќе има умерена облачност со повеќе сончеви периоди. Интензитетот на врнежите ќе биде поголем во попладневните часови, пред се во источните делови од земјава. Ќе има и појава на грмежи. Најмалку врнежи ќе има во југозападниот регион. 

 

 

30.07.2014 - 22:57
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега