Огромни загуби на Романија од сивата еконимија

Сивата економија зафаќа повеќе од една четвртина од БДП на Романија. Според оценката на Европската Комисија, цитирана во извештај на Советот на Европа за оценка на мерките за борба против перењето пари и финансирање на тероризмот, во 2013 година сивата економија претставувала 28,4 проценти од БДП на Романија, додека во 2011 изнесувала 30 проценти. Загубите се проценуваат на 40 милијарди евра годишно.

Според извештајот бројот на даночните измами во земјата се удвоил во 2012 година, во споредба со 2008, од 12.579 на 25.586 вакви случаи.

 

29.07.2014 - 15:43
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега