Кајмакоски потпиша договор за издавање на неговиот прв албум

 

Победникот на „X Фактор Адриа“, Даниел Кајмакоски потпиша договор за издавање на албум со продуцентската куќа „Менарт“.

Даниел како награда доби снимање на албум од „Менарт“ за регионот, два видео спота, ПР поддршка од продукцијата, автомобил „Мини Купер Купе“ (Mini Cooper Coupe), како и парична награда од „Мастер кард“ (Master Card) во износ од 10.000 евра.

По потпишување на договорот, директорот на хрватската продуцентска куќа „Менарт“, Бранко Комљеновиќ изјави:

„Горди сме на фактот што Менарт, ќе има можност да соработува со победникот на првата сезона на регионалното издание на „Икс Фактор“, Даниел Кајмакоски, кој е фантастичен пејач. Градењето и работата на неговата кариера ќе биде еден од нашите приоритети во периодот кој следува, и тоа во сите држави од регионот каде беше емитуван „Икс Фактор“.

И Кајмакоски не го крие своето воодушевување: - Даниел Кајмакоски не го крие своето одушевување: „Драги пријатели, пресреќен сум што можам да соопштам дека ми се оствари уште еден сон. Потпишав договор со „Менарт“, продуцентската куќа која ќе го издаде мојот прв албум. Очекувајте ја наскоро и мојата прва песна“.

29.07.2014 - 15:13
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега