"Корнишонот" се продава за 650 милиони фунти

 

Лондонскиот облакодер од челик и стакло кој поради својот необичен облик, популарно се нарекува „Корнишон“ е понуден на пазарот за недвижен имот за 650 милиони фунти.

Облакодерот во облик на малечка кисела краставичка, важи за еден од најновите симболи во британскиот главен град. Зградата која има 40 катови се наоѓа во лондонскиот финансиски центар Сити.

„Корнишонот“ што може да се види од секој дел на Лондон е дело на еден од најпознатите британски архитекти Норман Фостер. Зградата беше предадена во употреба во 2004 година.

Претставник на агенцијата „Савилс“ која ја врши продажбата, изјави дека понудите од потенцијалните купувачи ќе се примаат до октомври, но потврди дека веќе сега постои голем интерес на пазараот.

Најзаинтересирани за купување се Кина, како и богати инвеститори од Хонг Конг и Сингапур, но интерес покажуваат и купувачи од Северна Америка, а пред се, од САД.

Досегашни сопственици на „Корнишонот“ беа германската ИВГ-Имобилиен и приватната британска фирма Рамдал. Двајцата сопственици се одлучија за продавање откако не можеа да се спогодат околу новиот план за сосопственост.

29.07.2014 - 14:33
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега