Еве колкава била просечната нето-плата во мај
Според податоците кои денеска ги објави Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-платата по вработен, во мај 2014 година изнесува 21.483 денари и е за 0,9 отсто повисока во однос на истиот месец од претходната година, додека износот на бруто-платата е 31.429 денари и е повисок за 0,6 отсто од лани.
Зголемувањето се должи на порастот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Стручни, научни и технички дејности (10,9%), Градежништво (8,2%) и Административни и помошни услужни дејности (6,4%), како и на повисоката бруто-плата по вработен во секторите: Стручни, научни и технички дејности (9,1%), Градежништво (7,6%) и Административни и помошни услужни дејности (4,9%). Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во однос на претходниот месец е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (25,3%), Информации и комуникации (5,1%) и Стручни, научни и технички дејности (4,5%). Кај бруто-платата зголемување има во секторите: Рударство и вадење на камен (26,2%), Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (4,2%) и Информации и комуникации (3,5%).
Во мај годинава, 1,6 отсто од вработените во Република Македонија не примиле плата, говорат податоците на Статистика.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа