Најсовремен фудбалски терен ќе „никне" во Охрид
Во тек се градежните активности за подигање на фудбалското игралиште на вештачка трева кое ќе функционира во рамки на ЈП “Билјанини извори“ . Се работи за најсовремено игралиште на кое ќе бидат поставени меѓу 1 700 и 2 000 кубни метри тампон што претставува најголем оперативен зафат на Општина Охрид за ваква намена.
Теренот односно вештачката трева е донација на европската куќа на фудбалот УЕФА а останатиот дел од проектот е под целосна финансиска капа на Општина Охрид.
Проектот се очекува да биде готов до крајот на оваа календарска година по што Охрид ќе го има најсовремениот фудбалски терен на вештачка трева кој може да биде магнет за развивањето на спортски туризам и подготовки на голем број, пред се фудбалски екипи во зимскиот и летниот припремен период.
Тампонирањето,порамнувањето и нивелацијата на теренот го врши градежната оператива на ЈП “Нискоградба“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа