Закинтос гори - беснее голем пожар

Голем пожар од синоќа беснее на грчкиот остров Закинтос во Јонското Море.

Огнената стихија досега уништила дестици хектари висока и нискостеблеста шума, како и насади со маслинки.

Во гаснењето на огнот учествуваат голем број пожарникари и припадници на грчката армија, како и два авиони и еден хеликоптер.

28.07.2014 - 10:22
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега