Јохан Тарчуловски со охридските комити пеш до Крушево

 

Членовите на охридското здружение „Илинденски марш - Христо Узунов“ и оваа година ќе бидат дел од Илинденскиот марш од Охрид до Крушево за најголемиот македонски празник Илинден. 

Учесниците на маршот, меѓу кои и Јохан Тарчуловски, денеска ќе бидат дел од свечена литургија и молитва за среќен пат во црквата „Св. Троица“, а рано изутрина ќе тргнат кон Крушево. Маршот води преку планинските предели низ атарите на селата Куратица, Велмеј, Брежани, со ноќевање во Илинска црква. На 30 јули маршот продолжува низ селата Големо и Мало Илино, Железнец, Доленци, Брезово, Зашле, Дивјаци и Арилево.

Сите учесници на Здружението „Илиндески марш - Христо Узунов“ што ќе стигнат во Крушево ќе бидат дел од свеченото дефиле низ градот, како и на дефилето на 2 август на „Мечкин Камен“.

28.07.2014 - 10:14
Фото: 
региони
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега