Владата подготвува ребаланс на буџетот
Владата подготвува ребаланс на буџетот, дознава МРТ. Ребалансот на буџетот во ова време од годината е вообичаена практика.
Вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески, неодамна најави дека кон средината на оваа година ќе се процени дали има потреба од ребаланс на буџетот и доколку има ќе се види колкава е и колкав ребаланс би се направил.
Се очекува ребалансот набргу да биде усвоен од Владата на Република Македонија.
25.07.2014 - 13:12
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа