Келнер претепа турист од Холандија

И ова се случи. Турист од Холандија доби ќотек во еден ресторан во Пореч, Хрватска откако му забележал на келнерот дека храната доцни и дека воопшто не е убава.

Келнерот веднаш му се нафрлил на туристот и заедно со своите колеги го претепал пред очите не двете малолетни ќерки и неговата сопруга, пренесуваат хрватските медиуми.

Од тепањето, холандскиот турист заработил потрес на мозокот,фрактури на черепот, отворена скршеница на вилица, скршен нос и неколку скршени ребра. Лекарите неколку часа се бореле да го спасат неговиот живот бидејќи загубил многу крв и повеќе од два часа бил во несвест.

Овој инцидент ја разбесна Хрватска, а и Владата остро го критикуваше овој немил настан и преку Министерството за туризам ќе им бидат подмирени сите трошоци додека престојува во Хрватска, а на сопственикот му се заканија со одземање на дозволата.

 

25.07.2014 - 09:50
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега