Самарас продолжува со борбата против неонацизмот во Грција

Грчкиот премиер Андонис Самарас ги поби сите сомневања за неговото согледување за неонацизмот во земјата и неговото зајакнување откако го отфрли антираристичкиот нацрт-закон, со тоа што испрати писмо до поетот Нанос Валаоритис кое што беше објавено вчера. 

- Ние треба да го обединиме народот против нацистите, а не да го разделуваме пред опасноста од неонацистите, посочува премиерот во писмото. 

Самарас исто така ја истакна и борбата против масовната нелегална имиграција.

- Ние треба да им го одземеме на неонацистите главното нивно оружје, нагласа Самарас во писмото.

Несогласувањето започна во понеделникот меѓу лидерите на трите партии од владината коалиција Андонис Самарас, Евангелос Венизелос, лидерот на ПАСОК и Фотис Кувелис, лидерот на ДИМАР, а Самарас додаде дека неговата партија ќе предложи подобрување и актуелизирање на постоечката правна рамка, која датира од 1979 година.