Коњаниците се подготвуваат за Илинденскиот марш

 

Во Недела почнува 36. коњички илинденски марш, организиран од  Здружението на граѓани од Горно Лисиче „Илинденски марш 1978“.

Маршот стартува од Општина Аеродром, каде на коњаниците ќе им биде предадено општинското знаме. Придружувани од фаланга составена од дваесетина членови игрaорци од КУД „Никола Јонков Вапцаров“, со звуците на зурлите и тапаните ќе се упатат кон црквата „Свети Петар и Павле“ во Горно Лисиче, минувајќи низ главните булевари на општината. Крајната дестинација е Крушево, каде ќе стасаат  на 2 август.  

Во црквата „Св. Петар и Павле“ ќе се одржи литургија на која високи свештеници ќе им дадат благослов на коњаниците на патот кон Крушево.

Пред испраќањето на илинденците ќе има музичка програма со настап на домашни музички ѕвезди. Во испраќањето се приклучи и Општинската организација на Црвен крст „Кисела Вода“, која во дворот на црквата  „Св. Петар и Павле“ во Горно Лисиче ќе одржи крводарителска акција.

 

24.07.2014 - 12:06
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа