Бугарскиот премиер поднесе оставка

Бугарскиот премиер Пламен Орешарски денеска поднесе оставка, соопшти прес-службата на бугарскиот Парламент.

Орешарски се повлекува после само 13 месеци од преземањето на функцијата, и откако во мај владејачките бугарски социјалисти постигнаа многу слаби резултати на изборите за Европскиот парламент.

 

Со оставката на Орешарски се овозможува формирање на привремена влада во август, додека парламентарните избори се очекува да бидат закажани за октомври.

 

Оставката доаѓа во моментот кога Бугарија се соочува со најголемата банкарска криза, при што судбината на четвртата по големина банка во земјата е натаму е неизвесна, и по повеќемесечната политичка криза во Бугарија, која започна лани во јуни со масовни протести поради именувањето на контроверзен шеф на националната безбедносна агенција, што подоцна беше поништено.

24.07.2014 - 09:18
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа