Работнички со пораз се збогува од Лигата на шампионите

Македонскиот фудбалски првак Работнички со пораз на гостувањето во Финска го заврши својот настап во елитната Лига на шампиони.

„Романтичарите„ се поразени со 2:1 од Хелсинки во реванш натпреварот од второто квалификациско коло во ЛШ. Првиот гол на домашниот тим го постигна Робин Лод во 22-минута, а само четири минути подоцна во листата на стрелците се запиша и Валтери Морен, донесувајќи му предност на финскиот тим од 2:0 на полувремето. Стрелец на голот за Работнички беше Стефан Вијичиќ по само две минути игра во второто полувреме, за конечни Хелсинки – Работнички 2:1.

По елиминацијата на Работнички, македонскиот фудбал на европската сцена останува да го преставува екипата на Металург која го очекува својот противник во третото квалификациско коло во Лига Европа, а тоа ќе биде подобриот од мечот меѓу црногорскиот тим Будуќност и Омонија од Кипар. 

23.07.2014 - 20:29
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега